Дува ветер.
Замаена
стојам на едно од многуте пенџериња
Секое влакно
своја политика
Прашинка и
пајажина на ќошот од пенџерето
Не сум
исчистила.
Гајле ми е.
Мене животот
не ми е исчистен, а не пенџерето
Мисли растрчани,
несредени, мислиш за маратон се спремаат
Секоја со
број чека на стартната линија
Да фати
правец, да истрча прва
Небаре ќе
направи следната да исчезне
Пробувам да
ги исчистам
Како кога низ
цедалка истискуваш сок од портокал
И внимаваш
раска да не ти падне
Неуспешно
Ти, што ме
гледаш?
Не си видел
бушава коса и бушави мисли?!
Во тишинава
провејува болка
Мислев сум
заборавила
Заборавив на
кратко
Сè заборавив
Лажам
И не доаѓај
од никаде пак
Не ми ги мати
мисливе
Животов
Си ме прашал ли
некогаш што сакам
Од каде
енергија за толку мисли
За толку пати
изговорено здраво
Поим немаш
Јас, каде сум
јас?
Да, јас,
добро слушаш!!!
Што сакам
јас?
И кој си ти
да ми кажуваш како треба, а?
А, кој си?
Живот?! Чудо
големо.
Да не сум ти
јас, ти нема да бидеш живот.
Ти нема да
бидеш ништо.
И знам, пак
нема да исчистам.
Ќе останам со
заматени пенџериња
И заматен ум
Со пајажини,
пајаци и
уловени
инсекти кои се борат со мрежата
Неуспешно
No comments:
Post a Comment