Еднаш
ти ми рече дека имам убави очи.
И потем
тишина.
Тишина
која што би убила и мртов човек....
и врисок
на мртов човек.
Врискам
тивко за да не ме чуе никој.
Па ни
ти.
Пробувам
да го разберам хаосот. Твојот.
Јас ни
својот не го разбирам, а не па твојот.
Универзумски
хаос
Ко
избезумена комета која се движи со енормна брзина
Итајќи
да погоди кај што најмногу боли
Итајќи
да ми го замати умов
Универзумски
хаос
Еднаш
ти ми рече дека имам убави очи
Како во
крпче си ги врзав зборовите твои
и си го
ставив во скришниот џеб од панталоните
Припиено
до телото да стои
И што
имам сега јас? Кажи ми, што имам?
Грст
зборови кажани, недокажани
Заматен
ум
И хаос.
Хаос распослан во утрата, во сите пладниња и попладниња, во сите ноќи.
Здогледав
глуварче. Среде зелена трева. Само, осамено.
Не, не
треба глуварче да се вика, туку пораконосец.
Дувнав
силно
Милијарда
пораки во непознат правец одлетаа да те бараат тебе
Да ти
кажат да дојдеш
И да ми
кажеш дека имам убави очи.