Пребарувајќи по
ранецот
Најдов цртеж од
ќерка ми
Ми го подари.
За тебе мамо,
рече.
Во левиот агол
стои напишано љубоф
Љубоф со ф
Има седум години.
Потоа контура на
човек
И што му се случува кога чувствува љубоФ
И каде чувствува
љубоФ
Околу главата
наредени сонце, месечина и планети.
Се вртат
планетите, ми објасни.
Во рацете срциња
Во градите срце
Во стомакот срце
и пеперутка
Срциња на
колената
Така било кога си
заљубен.
Низ глава ми
пројде се што чувствував за тебе
Од вртење на
планети
До клецкање на
колената.
И секогаш само малку
ми требаше за среќа
Многу малку љубоф
со Ф
Или љубов со В
Сеедно
Важно ми беше да
е љубов
Многу малку.
ЉубоФ.