Thursday, March 21, 2019

Понекогаш се плашам дека нема да се разбудам

Понекогаш чекорам брзо
И како да одам некаде
Чекорам за да не потонам.
А чекор не пуштам.
Стојам. Стојам немо и гледам
и ништо не можам да видам
Како ништо веќе и да не чувствувам
Заспивам.
Понекогаш се плашам дека нема да се разбудам.

Некои соништа далечни ми се чинат
Како неотсонувани,
како недоживеани
како  непроживеани
како да не постојат и како никогаш повеќе да нема да сонувам
Како да ќе спијам без да сонувам
Понекогаш се плашам дека нема да се разбудам.

Некои луѓе ги познавам, некои веќе не
Некои се дел со соништата
Некои останале неотсонувани
Некои недоживеани
Некои блиски далечни се веќе
И не се истите
Некои далечни станале блиски
И така во круг
Заспивам.
Сонувам соништа и луѓе како се љубат
Понекогаш се плашам дека нема да се разбудам.