Со тебе
никогаш не доживеав оргазам.
Ни најмал.
Ниту љубов. Ти
ја немаше. А јас те сакав.
Со огнови те
сакав. Огнови со распламтени јазици.
Што фрлаат на
сите страни
Што голтаат
сè.
Со голтната
душа сум сега.
И голтнато
срце.
Со тебе сè
беше различно и истовремено исто.
Со тебе
никогаш не доживеав оргазам.
Странци.
Ние двајца
странци бевме.
Тоа и
останавме.
Со сите
споделени тајни и зборови
и насмевки
и погледи
и воздишки
и планови
и лудости
и испотени
тела
Со сите
испушени цигари
Странци.
Само кога не
доживував оргазам не бевме странци.
Само тогаш не
бевме.
Тогаш бевме
едно.
Неоргазмично
едно тело.
Возбудено до
лудило неоргазмично едно цело.
Неоргазмични странци.
Оргазмични нестранци.
Само тоа сме.
Странци.