Tuesday, December 4, 2018

Ако гордоста има второ име


Ако гордоста има второ име
Би го носела твоето.

Не знам дали би дозволил
На левиот образ да носиш траги
Еве, не знам
не мора да е левиот
Нека биде десниот.

Не знам дали би дозволил
На телото да носиш траги.

Траги од еден миг
Што допрва треба да дојде
А велат, мигот не се пропушта
Тука е и сега е.
Оти пропуштиш ли миг
Како цел еден живот да си пропуштил.

А кој има живот за фрлање?
Впрочем, ти тоа најдобро го знаеш.

А мигот скриен копнеж ли е
А мигот скриена страст ли е
А мигот во друг живот ли ќе е?

Ако гордоста има второ име
Би го носела твоето.