Ако гордоста има
второ име
Би го носела
твоето.
Не знам дали би
дозволил
На левиот образ
да носиш траги
Еве, не знам
не мора да е
левиот
Нека биде десниот.
Не знам дали би
дозволил
На телото да
носиш траги.
Траги од еден миг
Што допрва треба
да дојде
А велат, мигот не
се пропушта
Тука е и сега е.
Оти пропуштиш ли
миг
Како цел еден живот
да си пропуштил.
А кој има живот
за фрлање?
Впрочем, ти тоа
најдобро го знаеш.
А мигот скриен
копнеж ли е
А мигот скриена
страст ли е
А мигот во друг
живот ли ќе е?
Ако гордоста има
второ име
Би го носела
твоето.
No comments:
Post a Comment