Јас ќе се молам
за тебе.
Кому, ни сама не
знам.
Слушам чекори кои
движат
А денот измерен е
со мисли
Врвулица од мисли
Една мисла еден
збор
Една мисла еден
ден
Една мисла секој
ден
Некои почетоци
некогаш доцнат
Или го згрешиле
времето
Деценијата
Можеби и векот
Понекогаш сум
само тивка, а викам
Живот во слики
Кажуваме зборови
на кои не се сеќаваме
Се плашиме да се
погледнеме во огледало
Се плашиме од
скршено огледало
Јас ќе се молам
за тебе
А ти само љуби ме
No comments:
Post a Comment