Kога
не си обичен
И кога сините
облаци некогаш ти се сиви
Кога белото ти
е црно
И обратно
Кога имаш
насмевка за сите, освен за себе
Кога си налик
дворските шутови во кралски дворци
а имаш уморна
душа и уморно срце
носиш траги
од минато,
сегашност и траги од иднина
Да, некогаш и
иднината остава траги
Јас создавам
иднина во моите мисли
Кога некогаш
сите далечини ти се така блиски
Чиниш на
дофат на раката
Посегаш, и
нема ништо
Празни
далечини
И некое
сивило кое убива
Измешана
фикција со реалност
Некој друг
свет кој постои, и потоа исчезнува со брзина на светлината
Насмевка.
Постојано.
Оти таа е
најдобра илузија.
Никогаш нема
да знаеш колку тага се крие под неа
И колку
мозочни виуги биле активни сите минати ноќи
И колку
иднини создале во мене
Роман можам
да испишам
Јас создавам
иднина во моите мисли
Нов ден.
Вклучувам
слушалки
Не постои
нешто позаплеткано од моиве слушалки.
Ок, можеби
мислите.
Ок, можеби
виугите.
Ок, добро,
можеби животов.
Ќе биде убав
сончев ден, кажаа на радио.
No comments:
Post a Comment