Ти повеќе од молчење не знаеш.
Не, не знаеш и не се расправај со мене.
Меѓу сите вистини и невистини беше тука
Меѓу сиот оган со сите распламтени јазици
Како привид чинам
Оти само привидот не зборува и како бледа сенка се движи
И донесе светли сонца и темни облаци
И дождови поројни од кои ти кисне душата
Ти кисне срцето и не
знае каде да тера
Ни лево ни десно
Ни горе ни долу
И дали
како феникс да исчезнам
во пламени јазици
и дали
повторно да се вратам
Да се родам од пепел
Феникс кој
се вивнува угоре
И не се
сопира
Оти негов е небесниот свод, и сите ветрови и сите неба
И сите сонца
И сите мои
мисли и воздишки за тебе се бесмртни
Како феникс
Ти повеќе од молчење не знаеш
Не, не знаеш и не се расправај со мене.
No comments:
Post a Comment